avers vrameni rakotvorbi ikoni krstovi mozaici kovani 0

Аверс ви нуди икони и крстови изработени според мотиви од македонското културно наследство.

Производите се изработени од разновидни материјали со врвен квалитет, со комбинација на повеќе техники, во духот на македонската занаетчиска традиција.

Во Македонија христијанството, прв го проповеда и шири Апостол Павле при своите мисионерски патувања во првиот век од новата ера, за што сведочи и Светото Писмо.

Од тие почетоци до денес се создадени неизмерен број на духовни и материјални сведоштва за присутноста, развојот и влијанието на христијанството во Македонија.

Наша цел е и на овој начин да дадеме скормен придонес во презентацијата на овој скапоцен дел од нашата духовна и материјална традиција.