Нашата понуда вклучува голем избор на мали сувенири на основа, магнети и приврзоци дизајнирани и изработени според мотиви од македонското културно наследство и традиција.

Сувенирите се изработени од разновидни материјали со врвен квалитет, во комбинација на повеќе техники, во духот на македонската занаетчиска традиција.

Подарокот има вистинска вредност, доколку трае како спомен и потсетник.

Посебен дел од нашата понуда е можноста за дизајн и изработка на уникатни концепти на сувенири, изработени според специфичните барања на нашите клиенти.

Вршиме изработка на прототипи и мали серии на подароци.

Со милениуми Македонија била колевка на различни цивилизации, крстосница на Балканот, дом на многу народи со различни култури и обичаи. Македонското културно наследство претставува мал, но скапоцен дел од современата светска културна ризница.

Со своите производи, Аверс има за цел да даде скромен придонес во презентацијата на дел од македонското културно наследство.