avers vrameni rakotvorbi mozaici kovani 0

Одберете подарок со внимание. Подарокот е спомен со трајна вредност.

Ви нудиме врамени ракотворби, дизајнирани и изработени според мотиви од македонското културно наследство и традиција.

Производите се изработени од разновидни материјали, со врвен квалитет во комбинација на повеќе техники, во духот на македонската занаетчиска традиција.

avers vrameni rakotvorbi mozaici kovani 1

Посебен дел од нашата понуда е можноста за дизајн и изработка на уникатни концепти на подароци, изработени според специфичните барања на нашите клиенти.

Изработуваме прототипи и мали серии на подароци.

Со милениуми Македонија била колевка на различни цивилизации, крстосница на Балканот, дом на многу народи со различни култури и обичаи. Македонското културно наследство претставува мал, но скапоцен дел од современата светска културна ризница.

Со своите производи, Аверс има за цел да даде скромен придонес во презентацијата на дел од македонското културно наследство.