Со купувањето и плаќањето на веб страната Аверс (Аверс), Вие се согласувате со Условите за користење и Условите за купување.
Производите, нивниот опис, фотографии и цени се дел од понудата на Аверс. Цената на производите на сајтот може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на сајтот Аверс.
Ако одредени производи се недостапни за купување, Аверс ќе го откаже купувањето и ќе ве извести по е-маил.
Плаќањето на производите може да се изврши на еден од наведените начини:
Плаќање со платежна картичка
Наплатата на испратените нарачки од Ваша страна ја извршуваме во моментот на купување на производот. Вие ја пополнувате нарачката и потоа сте пренасочени кон официјалниот процесирач на картички на Комерцијална банка, каде се врши интернет наплата, со пополнување на податоци од Вашата кредитна или дебитна картичка. Во моментот на потврда на пополнетите податоци вие сте авторизирани, и пред испорака на производот/ите, Вашите средства се одбиваат од Вашата сметка. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта.
Одговорност на КАСТРУМ ДОО во случај на злоупотреба, несоодветно и неовластено користење на платежна картичка
КАСТРУМ ДОО во потполност се оградува од каква била одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку таа настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од кои било причини таа е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи КАСТРУМ ДОО нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
КАСТРУМ ДОО не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за која било предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги при онлајн купување.
Потврда за извршено успешно купување со платежна картичка
Во моментот кога кога успешно ќе ја завршите процедурата за купување, на вашата емаил адреса (таа што ја имате внесено во нашиот систем), ќе пристигне автоматска потврда дека продажбата е успешно направена.
Доколку добиете порака дека плаќањето е неуспешно односно дека не може да се реализира трансакцијата, најпрво проверете дали успешно и точно сте ги пополниле сите празни полиња со податоци за плаќањето, дали е се во ред со вашата платежна картичка, проверете ја нејзината важност и дали не неа има доволно средства. Доколку сите потребни податоци се успешно внесени и се е во ред со вашата платежна картичка, тогаш највероватно се работи за технички проблем. Во тој случај ве молиме да не контактирате на eмаил: [email protected] за да можеме да ја провериме трасакцијата и да го решиме проблемот.
Плаќање со банкарски трансфер (вирмански)
Плаќањето со банкарски трансфер треба да биде на нашата сметка. При плаќањето задолжително напишете го и бројот на нарачката. Вашата нарачка ќе биде испратена веднаш штом средствата ќе легнат на нашата сметка.
Услови за испорака
Испораката се врши на адреса дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Република Македонија само на лицето со својство на купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Купувачот.
Испорака на производите за во Скопје се врши во рок од 1 до 3 работни денови, а за низ Македонија за 3 до 5 работни дена.
Превземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација.
Испораката на нарачките се врши преку соодветна компанија за достава на пратки.
КАСТРУМ ДОО не превзема одговорност за квалитетот на услугата при испорака на неговите производи. Квалитетот на услугата е индивидуален и е обврска на компанија за достава на пратки.