По извршената испорака, нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во сличаи кога корисникот има право да го откаже купувањето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Во тој случај можете да поднесете барање за враќање на производот на емаил [email protected] На вашето барање КАСТРУМ ДОО ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

Барањето за враќање на производот треба да ги содржи следните податоци: име, презиме, емаил, телефон, корисничко име, име на производ, шифра на производ, количина на производ, доказ за извршено плаќање и причина зошто сакате да го повлечете купувањето.

Она што треба да го знаете пред да поднесете барање е следното:

Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој ви е веќе доставен пред да го поднесете ова барање осигурајте се дека производот не е користен, отворен или оштетен. При случај на поднесување на барањето за враќање на производ кој ви е веќе доставен вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на продавачот. Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација.

При враќање на одреден производ, без притоа да има вина на продавачот ве информираме дека административните трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата ги сносите вие, во висина од 5% од вкупната платена вредност. Доколку побарате средствата да се вратат на вашата сметка, враќањето се врши на истиот начин како што е извршено плаќањето а средствата намалени за износот од 5% ќе ви бидат ставени на располгање во рок од 3 до 7 работни дена (зависно од банката) по потврдената рефундација за која ќе бидете известени по емаил.

Рекламација на оштетување настанато при транспорт

Нашите производи се секогаш соодветно и безбедно спакувани, за да нема можност при транспорт да бидат оштетени. Откако ќе биде испорачан производот/ите, детално проверете дали производот/ите се неоштетени. Рокот за пријава на рекламација на оштетување при транспорт е 24 часа. Доколку приметите оштетување (т.е. доколку ви има стигнато производ оштетен, изгребан и сл.) Ве молиме да ни испратите фотографии на амбалажата и на оштетениот производ на следниов e-mail: [email protected]

Покрај фотографиите Ве молиме наведете и време кога е извршена испораката, како и број на малопродажната фактура по која сте го купиле производот. Откако ќе ни ги испратите потребните информации ќе ве контактираат од нашиот контакт центар и ќе организираат да ве посетат од доставната служба и да направат записник за оштетувањето. Откако на тој начин ќе се документира Вашата рекламација за оштетување, истата ќе се процесуира во најбрз можен рок.