Политиката за приватност ги содржи практиките за приватност на веб страната Аверс, и објаснува како КАСТРУМ ДОО ги применува овие практики во функционијата на веб сајтот www.avers.mk

Со Политиката за приватност се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме внимателно прочитајте ја нашата Политиката за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за приватност и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Лични податоци

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.

Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил или порачување производ, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас, но не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација.

Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.

Кога ќе нарачате производ, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Податоци кои не се лични

Податоци со кои не се идетификува крајниот корисник се викаат податоци кои не се лични.

Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”), типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел.

Безбедност на податоци

Имаме превземено бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до серверите. Секој може да пристапи до своите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на својата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Препорака е да не ја споделувате вашата лозинка со никого.

Ако ја заборавите вашата лозинка, потребно е да ги следите инструкциите кои ги дава нашиот систем за да можете успешно да дојдете до нова лозинка. Доколку имате проблеми ве молиме да не контактирате на следнава е-мејл адреса: [email protected]

Податоци за плаќање

Податоците кои ги внесувате при плаќање односно купување, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка, која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.

Права и контакт на корисниците во врска со Политиката за приватност

Во врска со нашата Политиката за приватност, Вие ги имате следните права и можности:

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • Право на пристап до личните податоци
  • Право на исправка и бришење на личните податоци
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци
  • Право на приговор

Со политиката за приватност на КАСТРУМ ДОО опфатена е целокупноста на значењето на употреба и заштита на личните податоци и истата е спроведена согласно Законот за заштита на лични податоци.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на оваа е-мејл адреса: [email protected]