Компанијата КАСТРУМ ДОО Скопје обезбедува интернет услуги преку својата веб страница на доменот www.avers.mk преку четири едноставни чекори:

  • Избор на ваши потребни производи
  • Плаќање директно на нашата страна или со налог преку банка
  • Испраќање на производот на ваша адреса
  • Достава на производот од соодветна компанија за достава и негово превземање.

Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб-страницата на КАСТРУМ ДОО и ја разгледува понудата на производи на Аверс.

Купувач е физичко или правно лице кое преку веб-страницата на КАСТРУМ ДОО, нарачува и купува производи од понудата на Аверс.

Купувачот кој купува производи од понудата на Аверс, може да се регистрира /најави на веб-страницата www.avers.mk или на истата да се регистрира како “Гостин“, но за комплетирање на онлајн нарачката, потребно е да ги остави бараните податоци.

За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со КАСТРУМ ДОО се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштита на личните податоци и заштитата на потрошувачите.

Грижа на корисници

Работното време на Службата за грижа на корисници во компанијата КАСТРУМ ДОО е од 9,00 до 15,00 часот секој работен ден (освен сабота, недела, државни и верски празници).

Достава до ваша адреса

Испорака на производите за Скопје се врши во рок од 1 до 3 работни денови, а за низ Македонија за 3 до 5 работни дена.