Златна маска, Требеништа-1, Охрид, 5ти век п.н.е., Македонија
Златна маска, Требеништа-1, Охрид, 5ти век п.н.е., Македонија Price range: 1.910 ден through 4.640 ден
Назад во продавница
Пресвета Богородица Владимирска
Пресвета Богородица Владимирска Price range: 2.590 ден through 5.600 ден

Александар Македонски претставен со лавовска кожа, симбол на моќ

Price range: 2.220 ден through 3.170 ден

Опис на Мотив

Александар Македонски наметнат со лавовска кожа како симбол на моќ. Вака претставен Александар се идентификува со митскиот јунак Херакле. Во грчката митологија Херакле бил полубог, син на врховниот бог Зевс а во римската митологија се викал Херкул.

Александар Македонски

Александар III Македонски или Александар Велики бил античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски. Роден е во Пела во 356 п.н.е. а починал во Вавилон, во 323 п.н.е. Старите Римјани му дале прекар Magnus, „Велик“.

Александар Македонски владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. и е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. Тој со своите достигнувања оставил длабока трага во историјата и прераснал во пример на херој, предмет на многу легенди.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-022-K Категорија: Ознака:
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.

Дополнителни информации
Правоаголна кутијаДимензија-2 / 12х16см., Димензија-3 / 16х20см., Димензија-4 / 20х26см.