Александар Македонски, претставен со рог како симбол на моќ
Александар Македонски, претставен со рог како симбол на моќ Price range: 1.990 ден through 5.130 ден
Назад во продавница
Свети Архангел Михаил
Свети Архангел Михаил Price range: 2.590 ден through 5.600 ден

Македонски Древен симбол

Price range: 2.070 ден through 2.780 ден

Опис на Мотив

Македонски древен симбол претставува стилизирана ѕвезда која во средината има круг а околу неа радиално се распоредени зраци со различна должина.

Низ историјата ѕведата имала повеќе значења, таа била божествен симбол но и симбол на кралска моќ. Поради својата боженствена симболика таа имала и заштитничка улога, па често се појавувала на штитови и шлемови.

Првите претстави на овој симбол се регистрирани во Месопотамија околу 2500 години п.н.е. По големите освојувања, Александар Македонски активно промовирал спој помеѓу македонската и персиската култура. Токму во периодот на големите освојувања, ѕвездата се појавува во Античка Македонија и станува нејзин симбол.

Со милениуми се до денешни денови Македонскиот древен симбол се задржал како симбол на идентитет и желба за припадност кон културното наследство на Античка Македонија.

Македонскиот древен симбол е познат и како Ѕвездата од Кутлеш или Ѕвездата од Вергина, нарчен според местото каде е откриена најпознатата негова претстава (градчето Кутлеш или на грчки јазик градчето Вергина).

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-005-K Категорија: Ознаки: , ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.

Дополнителни информации
Квадратна кутијаДимензија-2 / 13х13см., Димензија-3 / 16х16см., Димензија-4 / 19х19см.