Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Симбол на Вечноста, Македонски штит
1.740 ден – 3.100 ден
Опис на Мотив
Симбол на вечноста, македонски штит.
Симбол на вечноста го симболизира небескиот живот. Тој е и симбол на вечното движење на животот и симбол на бесконечноста. Во средината има централна точка поврзана со шест краци кои излегуваат од точката. Сите краци изгледаат динамично како да се движат во една насока. Симболот може да биде свртен лево или десно. Поради својата симболика тој имал и заштитничка улога, па често се појавувал аплициран на штитови и шлемови.
Со време Симболот на вечноста прераснал во посебен карактеристичен симбол на Античка Македонија. Александар III Македонски е првиот македонски крал кој на своите монети го претставил Симболот на вечноста.
Македонски Штит
Македонски штит бил изработен од дрво, кожа и метал. Од надворешната страна имал кружен папок – омфал. Во средина обично била прицврстена декоративна ѕвезда – розета со молња. Во кружната зона наоколу биле заковани метални полукружни опкови – огнила. Во нив како и меѓу просторите биле заковани бројни железни клинови. Овие железни окови имале првенствено одбрамбена функција. Кога непријателот ќе удрел со мечот тие биле заштита за да не се пробие штитот.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста Кутија |
Димензија-2 / 13х13см. ,Димензија-3 / 16х16см. ,Димензија-4 / 19х19см. |
---|