Мајка Тереза

1.650 ден3.180 ден

Опис на Мотив

Мајка Тереза е католичка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и католичка светица. Родена е во Скопје на 26 август 1910 како Гонџа Агнес Бојаџиу.

На 18 годишна возраст, носена од желбата да стане мисионерка, Гонџа го напушта својот дом и родното Скопје за да се приклучи на Сестрите од Лорето, во Даблин, Ирска. Таму, го одбира името Тереза и по кратко време во 1928 година оди во Бенгал и Калкута во Индија. Во Калкута 17 години е активна како наставник а потоа и директор во училиштето „St. Mary’s School“. Од 1946 година Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута, посветена на добротворна работа со цел да им помогне на болните и сиромашни луѓе. Во Калкута го формира редот Мисионери на милосрдието а за својата добротворна работа во 1979 година ја добива Нобеловата награда за мир. Мајка Тереза починала на 5ти септември 1997 година на возраст од 87 години. Папата Франциск ја прогласи Мајка Тереза за светица на 4ти септември 2016 година.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-023-K Категорија: Ознака:
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.

Дополнителни информации
Rectangular box

Димензија-2 / 12х16см.

,

Димензија-3 / 16х20см.

,

Димензија-4 / 20х26см.