Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.




Виничка икона, Даниел меѓу лавовите, 5-6ти век, Македонија
1.740 ден – 3.100 ден
Опис на Мотив
Теракотните икони се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија. Тие се археолошки пронајдоци, икони по својата содржина и облик но и светска реткост во областа на ранохристијанската археологијата. Иконите се пронајдени во наоѓалиштето Кале во Виница.
Виничка теракотна икона Даниел меќу лавовите од 5-6ти век со илустрана претсавата на Псалм 36 од Стариот завет. Светителот е прикажан во туника и босоног. Косата му е претставена во ситни кадри и му допира до вратот. Од двете страни на неговата фигура прикажан е по еден лав. Нивните тела се свртени кон рабовите на претставата, но главите им се насочени кон главната личност. Животните се прикажани со силни тела и густи гриви, а нивната крволочност е нагласена и со изведбата на нивните разјарени и силни челусти.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста Кутија |
Димензија-2 / 13х13см. ,Димензија-3 / 16х16см. ,Димензија-4 / 19х19см. |
---|