Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Виничка икона, Псалм 65, 5-6ти век, Македонија
1.740 ден – 3.100 ден
Опис на Мотив
Теракотните икони се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија. Тие се археолошки пронајдоци, икони по својата содржина и облик но и светска реткост во областа на ранохристијанската археологијата. Иконите се пронајдени во наоѓалиштето Кале во Виница.
Виничка теракотна икона од 5-6ти век со илустрана претсавата на Псалм 65 од Стариот Завет. Во правоаголната рамка се наоѓа претстава на силен бик со големи рогови. Меѓу роговите на бикот е претставен венец со кој е украсена неговата глава. Околу рамката во која се наоѓа фигурата на бикот, испишан е латински текст кој гласи: HOLOCAUSTA MEDULATA OFERAM TIBI CUM INCENSO ET ARIETIBUS (Мрсни сепаленици ќе ти принесам Тебе, со кадило од овни). Псалмот 65 претставува свечена химна, која се пеела на денот на благодарноста, како ода за различните добродетелства на семоќниот Бог.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста Кутија |
Димензија-2 / 13х13см. ,Димензија-3 / 16х16см. ,Димензија-4 / 19х19см. |
---|