Мотив од македонскот културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.


Македонска традиционална архитектура, Куќата на фамилија Каневче, Охрид, Македонија
1.440 ден – 5.130 ден



Обетки Гулабици, 2 век п.н.е. Македонија
1.590 ден – 5.400 ден
Волутен Кратер, Сад за вино, Охрид, VI век п.н.е. Македонија
1.980 ден – 3.820 ден
Опис на Мотив
Волутен Кратер, бронзен сад за вино кој потекнува од VI век п.н.е. Садот е откриен на локалитетот Требеништа во Охрид. Висок е 72 сантими и кај вратот украсен е со четири фигури на коњаници. Фигурите се посебно излеени и прицврстени со клинови за садот. Коњаниците се поставени по два на секоја страна и се претставени во трк.
Кратерот има две масивни волутни држалки (дршки) кои лежат врз излиени крилести Медузи. Тој е поставен на троножец кој е украсен со три фигури на Медузи и по три фигури на кучиња и лисици.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Технички опис
Дополнителни информации
Правоаголна кутија |
Димензија-2 / 12х16см., Димензија-3 / 16х20см., Димензија-4 / 20х26см. |
---|
Ознаки