

Македонски Антички штит
1.150 ден – 4.460 ден
Опис на Мотив
Македонскиот антички штит бил изработен од дрво, кожа и метал. Од надворешната страна имал кружен папок – омфал. Во средина обично била прицврстена декоративна ѕвезда – розета со молња. Во кружната зона наоколу биле заковани метални полукружни опкови – огнила. Во нив како и меѓу просторите биле заковани бројни железни клинови. Овие железни окови имале првенствено одбрамбена функција. Кога непријателот ќе удрел со мечот тие биле заштита за да не се пробие штитот.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Square frame |
Димензија-1 / 13х13cm. ,Димензија-2 / 17х17см. ,Димензија-3 / 20х20см. ,Димензија-4 / 25х25см. ,Димензија-5 / 30х30см. |
---|