Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Медаљон од Ѓуриште, Свети Николе, 14ти век, Македонија
1.150 ден – 4.460 ден
Опис на Мотив
Медаљон од Ѓуриште, Свети Николе, 14ти век.
Медаљонот е ексклузивен примерок на средновековен накит, изработен од злато и украсен со скапоцени камења.
На рамната површина на медалјонот се изведени орнаменти на извиткана лозница со тенка филигранска жица, на врвот на медалјонот се поставени два делфини а на средината од двете страни, по една нимфа. Нимфите се изведени со техниката исчукување. На средината се наоѓа крст изведен со пет камења од алмадин, опкружени со филигранска жица.
Медаљонот по својата функција е крст реликвиар кој во себе има простор каде што се чувале свети мошти.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста кутија |
Димензија-1 / 13х13cm. ,Димензија-2 / 17х17см. ,Димензија-3 / 20х20см. ,Димензија-4 / 25х25см. ,Димензија-5 / 30х30см. |
---|