Мозаик од Базилика Екстра Мурос, Стоби, 5-6ти век, Македонија

1.630 ден4.360 ден

Опис на Мотив

Мозаик Екстра Мурос дел од базиликата Екстра Мурос во Стоби, 5-6ти век

Базиликата Екстра Мурос се наоѓа 120 метри јужно од градските бедеми поради што го добива своето име „Базилика вон ѕидините“. По својата големина е втора меѓу базиликите во Стоби. Таа е правоаголна, трокорабна црква изградена од 5-ти до 6-ти век. Подот во централниот кораб е покриен со мозаик поделен на правоаголни полиња. Во полињата се среќаваат различни претстави на ранохристијански мотиви.

Стоби бил изграден во 7-ми век п.н.е. и се наоѓал на главниот пат кој ги спојувал Дунав и Егејското море. Градот бил сместен на вливот на Црна река (Еригон) во Вардар (Аксиос), што го претворило во стратешки важен центар за трговија но и за војување. За време на римското владеење Стоби бил главен град на римската провинција Македонија Салтарис. Потврда за неговатс економска и политичка важност е и податокот дека градот имал сопствена ковница за изработка на монети.

Низ својата историја Стоби бил повеќе пати разурнуван и обновуван, но со време ја губел својата важност и економска моќ. Последните жители го напуштиле градот во 1014 година.

Денсека во Стоби можат да се видат амфитеатар од вториот век, епископска базилика, крстовидна крстилница, работилница за платно, бројни патеки и ѕидови украсени со мозаици, вили, бањи и друго. Стоби е еден од најголемите археолошки локалитети во Македонија.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-054-M Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Правоаголна рамка

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.