Мозаик Дивојарец, Епископска Базилика, Хераклеја, Битола, 5-6ти век, Македонија

1.630 ден4.160 ден

Опис на Мотив

Мозаик Дивојарец дел од Епископска Базилика во Хераклеја Битола, 5-6ти век

Во Хераклеја пронајдени се остатоци од повеќе објекти кои восхитуваат. Со својата убавина посебно се истакнуваат подните мозаици коишто претставуваат ремек-дела на ранохристијанската уметност од први и четврти век.

Епископската базилика во Хераклеја е правоаголна, трокорабна црква изградена од епископот Филип, кон крајот на 5-ти и почетокот на 6-ти век. Покриена е со подни мозаици кои имаат многу богата флорална и фигуративна иконографија.

На местото од денешна Битола, во 4-ти век п.е. македонскиот кралот Филип II Македонски го оснивал градот Хераклеја Линкестис. Градот името го добил според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди.

Низ Хераклеја поминувал римскот пат Вија Егнација и низ вековите градот се развил во силен економски, културен и политички центар. Во раниот византиски период (од 4-ти до 6-ти век од нашата ера) Хераклеја бил и важен епископски центар.

Низ својата историја градот често пати бил напаѓан посебно кон крајот на 6-ти век и почетокот на 7-ми век. Во тој период во градот завладеала ера на варварство па неговите жители почнале да се раселуваат што придонело да загасне урбаниот живот.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-052-M Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Правоаголна рамка

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.