Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Мозаик Јустинијан Први, Византиски император, роден 483 год. во Таор, Скопје
1.220 ден – 4.360 ден
Опис на Мотив
Јустинијан Први, детал од византиски мозаик од 6-ти век во црквата Сан Витале во Равена, Италија.
Јустинијан Први бил една од најзначајните личности во доцната антика, византиски владетел роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор во византиската префектура Илирик, во близина на Скупи денешно Скопје.
Јистинијан Први бил цар на Источното Римско Царство од 527 до 565 година. Познат е по проширување на царството посебно со воени походи но бил и православен теолог. Изградил голем број храмови, од кои најубав е храмот Света Софија во Цариград.
Историјата го памети и како голем реформатор на класичното римско право.
Збирката од Јустинијановото законодавство била основа за развој на граѓанското законодавство, денес е позната како Корпус на граѓанското право.
Во негова чест Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Светите Кирил и Методј го носи името “Јустинијан Први“.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. , Димензија-2 / 17х21см. , Димензија-3 / 20х24см. , Димензија-4 / 25х32см. , Димензија-5 / 30х37см. |
---|