Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Македонска народна носија, Невестинска носија од Челопек, Тетово, Македонија
1.220 ден – 4.360 ден
Опис на Мотив
Македонска народна носија, Невестинска носија од Челопек, Тетово
Македонските народни носии, со својата раскош и убавина претставуваат непроценлива културна вредност и ја презентираат материјалната но и духовната култура на Македонија. Тие имаат долга и богата традиција во македонското народно творештво, создавани низ векови и пренесувани од колено на колено.
На територијата на Македонија има околу 70 различни видови на богато украсени народни носии. Постојат два главни типа на носии: западномакедонска и источномакедонска. Според етнографските области, западните се поделени на Горниот тек на Вардар, Дебарско-мијачката и Брсјачката, а источните на Средниот тек на Вардар и Шопската област.
Македонската народна носија е бескрајно богата во поглед на мотиви, стилови и техники. Таа претставува репрезент на разновидното и богато наследство на традиционалната македонска култура.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|