Обетки Гулабици, 2 век п.н.е. Македонија

1.590 ден5.400 ден

Опис на Мотив

Обетки Гулабици, златни обетки од Требенишко кале, Охрид, 2ри век п.н.е. Македонија.

Обетки изработени од злато како претстава на силно тело на гулаб и алка.

Реалистичната претстава на гулабот е постигната со употреба на техниките филигран и гранулација, имитирајќи пердуви и собрани нозе на птица во лет.

Крилјата се истакнати со црвена боја.

Главата и вратот се со пластична мазна површина. Окото е означено со едноставна апликација на филигранска жица.

Златните обетки Гулабици несомнено се дел од најраскошните изработки на антички накит пронајдени во Македонија.

 

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-003-R Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Long frame

Димензија-1 / 13х19см.

,

Димензија-2 / 17х24см.

,

Димензија-3 / 20х29см.

,

Димензија-4 / 25х38см.

,

Димензија-5 / 30х43см.