Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Шарена џамија, изградена 1438 година, Тетово, Македонија
1.440 ден – 5.130 ден
Опис на Мотив
Шарената џамија во Тетово е изградена во 1438 година. Нејзин архитект бил Исак Бег а во нејзина близина биле изградени гостилница и амам. Џамијата е реконструирана во 1833 година од Абдурахман Паша.
Џамијата е значајна по своите внатрешни и надворешни сликарски декорации а особено е живописана јужната страна. Откако на џамијата се завршени конзерваторско-реставраторските работи, повратени се нејзиниот некогашен изглед и убавина.
Шарената Џамија во Тетово со својата историја и убавина претставува скапоцен дел од културното и историско наследство на Македонија.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|