Волутен Кратер, Сад за вино, VI век п.н.е., Македонија

1.990 ден5.130 ден

Опис на Мотив

Волутен Кратер, бронзен сад за вино кој потекнува од VI век п.н.е. Садот е откриен на локалитетот Требеништа во Охрид. Висок е 72 сантими и кај вратот украсен е со четири фигури на коњаници. Фигурите се посебно излеени и прицврстени со клинови за садот. Коњаниците се поставени по два на секоја страна и се претставени во трк.

Кратерот има две масивни волутни држалки (дршки) кои лежат врз излиени крилести Медузи. Тој е поставен на троножец кој е украсен со три фигури на Медузи и по три фигури на кучиња и лисици.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-016-R Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Правоаголна рамка

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.