Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.





Пресвета Богородица Казанска
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Иконата Пресвета Богородица Казанска и припаѓа на иконографијата на Богородица Одигитрија или Богородица водителка на патот. Богородица Одигитрија е иконогравски приказ на Пресвета Богородица која го држи Детето Исус покрај себе, покажувајќи го како извор на спасение за човештвото. Главата на Богородица обично се навалува кон малиот Исус, кој ја крева раката во гест за благослов.
За Мотивот
Во Русија, иконата Пресвета Богородица Казанска е една од неколкуте зачувани чудесни икони кои верниците посебно ги почитуваат и сакаат. Според преданијата на црквата иконата чудотворно се појавила после голем пожар во градот Казањ во 1579 година и од тогаш во историјата на Русија претставувала симбол на вера и непокор. Иконата Пресвета Богородица Казанска се смета за света заштитничка на Русија и рускиот народ.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|