Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Пресвета Богородица Тројеручица
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Иконата Пресвета Богородица Тројеручица и припаѓа на иконографијата Богородица Одигитрија или Богородица водителка на патот. Богородица Одигитрија е иконогравски приказ на Пресвета Богородица која го држи Детето Исус покрај себе, покажувајќи го како извор на спасение за човештвото. Главата на Богородица е свртена кон малиот Исус, кој ја крева раката во гест за благослов.
Карактеристика на иконата Пресвета Богородица Тројеручица од другите икони од овој вид е третата раката поради која иконата го добила своето име.
За Мотивот
Според предание на црквата, иконата Пресвета Богородица Тројеручица била семејна икона на Свети Јован Дамаскин, кој живеел во 7 век во Сирија, во преиодот на иконоборството кога иконите биле забранети. Тој бил голем поборник и подржувач за почитување на светите икони, поради што бил набеден и казнет со отсекување на неговата десна рака. Според предание на црквата откако сесрдно се молел на Богородица пред иконата, утрото кога се разбидил видел дека неговата рака е здрава. Во знак на благодарност према Богородица тој нарачал да се изработи сребрена рака и да се постави на долната лева страна од иконата. Од тогаш иконата го добила своето име Тројеручица. После овој настан Свети Јован се замонашува во манастир во Палестина каде со себе ја однел и светата икона. После 5 века во 1217 година манастирот го посетил Свети Сава кој во тоа време бил монах во Манастирот Хилендар во Света гора. Свети Сава ја однел светата иконата во Манастирот Хилендар каде иконата била сместена повеќе од 100 години. Во 1347 година Хилендар го посетил српскиот цар Душан, на кого монасите му ја дале светата иконата. До 15-от век иконата била во Србија, но по нападите на турците врз Србија, иконата е вратена во Манастирот Хилендар каде до денешен ден се наоѓа.
Иконата Пресвета Богородица Тројеручица е најценета икона во манастирот Хилендар и најважна икона за српскиот народ.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|