Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Икона на Света Петка. Допојасната фигура во фронтална став. Светителката е облечена во монашка одежда, во десната рака држи крст а левата рака е подигната со отворена дланка.
За Светителот
Света Параскева или како што е позната во народот Света Петка била родена на крајот од 10-ти век, во градот Епиват. Епиват бил град кој се наоѓал на Mраморното морe, во европскиот дел од денешна Турција. Своето име го добила поради тоа што била родена во петок. Кај старите Евреи (во претхристијанскиот период) петок бил ден за подготовка поради тоа што сабота била празник. Името Параскева значи подготовка.
Според преданија на црквата, по смрта на своите родители по углед на животот на светителите, го посветила својот живот на верба во бога.
Уште во 14-тиот век култот кон Света Петка се раширил низ балкаските земји. Своето име кај словенските народи Света Петка го добила како буквален превод од името Парскева.
Посебно кај христијанските верници во балканските земји таа е многу почитувана и се смета за голема заштитничка.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|
Сè уште немате сметка?
Креирај сметка