Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Свети Георгиј Победоносец
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Икона на Свети Георгиј Победоносец. Светителот e претставен како коњаник кој со двете раце држи копје. Под нозете на коњот е победената ламја.
Во христијанската иконографија уште од 9-ти век се појавува приказ на Свети Георгиј на коњ во војничка облека, како со копје ја убива ламјата. Ламјата која ја убива Свети Георгиј го симболизира многубоштвото и злото.
За Светителот
Свети Георгиј бил роден во 280 година во Мала Азија, во богато и угледно христијанско семејство. Откако неговиот татко починал, со мајка му се преселиле во градот Лид во Палестина. Свети Георгиј завршил воени училишта и поради неговата храброст и неговите воени вештини брзо напредувал во римската војска. Уште на 20 годишна возраст, од римскиот император Диоклецијан, ја добил високата воена титула трибун.
Во тој период императорот Диоклецијан издал указ за прогон на христијаните. Од христијаните се барало да се откажат од својата религија, биле судени, затварани и измачувани. Според преданија на црквата, за време на еден процес на обвинување на христијани, Свети Георгиј пред императорот Диоклецијан се ставил во нивна одбрана и јавно објавил дека и самиот е христијанин. Откако императорот со помош на убедувања и измачувања не успеал да го поколеба во неговата вера, наредил да биде погубен со меч и да му биде отсечена главата. Свети Георгиј бил погубен во 303 година во Никомадија, денешна Турција. Во 494 година тој е прогласен за светец.
Во христијанството се смета за еден од најголемите и најпочитувани светци.
Свети Георгиј денес се почитува како заштитник на многу земји и градови во Европа.
Од 1469 година со формирање на првиот витешки ред во Франција, Свети Георгиј заедно со Свети Архангел Михаил станал светец-заштитник на витештвото. Сеуште во многу христијански општества Свети Георгиј се смета за заштитник на борците, на полицајците и војниците.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. , Димензија-2 / 17х21см. , Димензија-3 / 20х24см. , Димензија-4 / 25х32см. , Димензија-5 / 30х37см. |
---|