Икона изработена од метал, во техника на аплициран мозаик, монтирана на кадифена основа која е сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Пресвета Богородица Владимирска
1.680 ден – 6.000 ден
Иконографија
Иконата Пресвета Богородица Владимирска е еден од најпознатите примери на Византиската уметност, и припаѓа на иконографијата на Богородица Елеуса или Богородица на нежност. Иконата е приказ на Богородица во кој доенчето Исус Христос е допрено до нејзиниот образ. Иконата ја пренесува комуникацијата на мајката и детето, полна со нежност. Ваквата иконографија била позната во раната христијанска уметност, но таа станала особено раширена во 11 век.
Карактеристика на иконата Пресвета Богородица Владимирска од другите икони од овој вид е левата нога на доенчето Христос која е свиткана на таков начин што е видливо подножјето на ногата.
Оваа икона е изработена во манирот на старите византиски мозаици.
За Мотивот
Според предание на црквата, иконата Пресвета Богородица Владимирска била насликана од апостолот и евангелист Лука. Според легендата, иконата се до 5-ти век била во Ерусалим кога во времето на владеење на Царот Теодосиј Втори е однесена во Цариград . Иконата дошла во Русија од Византија околу 1130 година како подарок на кнезот Јурији Долгоруков. Откако била преместувана неколку пати, околу 1160 година иконата е однесена во Катедралата Успение во Владимир и оттогаш иконата го има добиено своето сегашно име Владимирска.
Иконата Пресвета Богородица Владимирска се смета за света заштитничка и покровителка на Русија и рускиот народ.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|