

Обетки гулабици, Охрид, 2 век п.н.е., Македонија
2.070 ден – 2.780 ден
Опис на Мотив
Обетки Гулабици, златни обетки од Требенишко кале, Охрид, 2ри век п.н.е.
Обетки изработени од злато како претстава на силно тело на гулаб и алка.
Реалистичната претстава на гулабот е постигната со употреба на техниките филигран и гранулација, имитирајќи пердуви и собрани нозе на птица во лет.
Крилјата се истакнати со црвена боја.
Главата и вратот се со пластична мазна површина. Окото е означено со едноставна апликација на филигранска жица.
Златните обетки Гулабици несомнено се дел од најраскошните изработки на антички накит пронајдени во Македонија.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Квадратна кутија |
Димензија-2 / 13х13см. ,Димензија-3 / 16х16см. ,Димензија-4 / 19х19см. |
---|