Медаљон од Ѓуриште, Свети Николе, 14ти век, Македонија

1.910 ден4.640 ден

Опис на Мотив

Медаљон од Ѓуриште, Свети Николе, 14ти век.

Медаљонот е ексклузивен примерок на средновековен накит, изработен од злато и украсен со скапоцени камења.

На рамната површина на медалјонот се изведени орнаменти на извиткана лозница со тенка филигранска жица, на врвот на медалјонот се поставени два делфини а на средината од двете страни, по една нимфа. Нимфите се изведени со техниката исчукување. На средината се наоѓа крст изведен со пет камења од алмадин, опкружени со филигранска жица.

Медаљонот по својата функција е крст реликвиар кој во себе има простор каде што се чувале свети мошти.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-013-R Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Квадратна рамка

Димензија-1 / 13х13см.

,

Димензија-2 / 17х17см.

,

Димензија-3 / 20х20см.

,

Димензија-4 / 25х25см.

,

Димензија-5 / 30х30см.