Икона изработена од метал, во техника на аплициран мозаик. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.






Господ Исус Христос, Спасител на душите
1.680 ден – 6.000 ден
Иконографија
Икона на Господ Исус Христос, Спасител на душите. Допојасната фигура на Спасителот е претставена во фронтална поза. Со десната рака благословува, додека во левата држи затворено евангелие.
Иконата припаѓа на иконографијата на Господ Исус Христос Психосостис (Спасител на душите). Психосостис или душоспасител е епитет на Исус Христос, кој е познат уште во XII век.
Иконата е изработена во манирот на старите византиски мозаици.
За Мотивот
Иконата Господ Исус Христос, Спасител на душите, е изработена според визуелот на литиска средновековна икона изработена во почетокот на 14-ти век во црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна Рамка |
Димензија-1 / 13х16см., Димензија-2 / 17х21см., Димензија-3 / 20х24см., Димензија-4 / 25х32см., Димензија-5 / 30х37см. |
---|