Пеперутка, традиционален брош, 19 век, Македонија
Пеперутка, традиционален брош, 19 век, Македонија Price range: 2.070 ден through 2.780 ден
Назад во продавница
Пафта од Охрид, Невестински колан, 19ти век, Македонија
Пафта од Охрид, Невестински колан, 19ти век, Македонија Price range: 2.070 ден through 5.400 ден

Македонска традиционална архитектура, Куќата на фамилија Каневче, Охрид, Македонија

Price range: 2.220 ден through 3.170 ден

Опис на Мотив

Куќата на Каневче е изградена во втората половина на 19-ти век и претставува класичен пример на традиционалната охридска архитектура. Посебно внимание привлекува нејзината западна челна фасада.

Староградската архитектурата на Охрид зазема посебно место во македонското културното наследство. Старите охридски куќи се надалеку познати и препознаени како дел од светската архитектура. Вреден е за спомнување и фактот што големиот француски архитект Ла Корбизје во своите „Собрани дела”, во делот за градската архитектура на Балканот и македонската градска куќа, посветува особено внимание на нејзините фасади, чардаци и внатрешен изглед.

Во Охрид е сочуван типичниот изглед на ориенталната градска куќа од 18 и 19 век. Горните делови се градени од дрво и со многу прозорци, а приземниот дел е од камен.

 

Куќите се оригинални и немаат одредена типизација, но нивната просторна организација е заедничка за сите. Во приземниот дел биле складирани дрвата за огрев, виното, ракијата, зимницата … Првиот кат бил резервиран за престојување на семејството. Во тие простории се подготвувала храната и се одмарало семејството. Најгорните одаи се репрезентативни и богато украсени. Во нив се примале гости, се одржувале слави, крштевки и други големи семејни настани.

Карактеристика за Охрид се и таканаречените улици-темници, тунели покриени со горните катови од куќите, кои се проширувале со растот нагоре.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-082-K Категорија: Ознака:
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.

Дополнителни информации
Правоаголна кутијаДимензија-2 / 12х16см., Димензија-3 / 16х20см., Димензија-4 / 20х26см.