Шарена џамија, изградена 1438 година, Тетово, Македонија
Шарена џамија, изградена 1438 година, Тетово, Македонија Price range: 2.220 ден through 3.170 ден
Назад во продавница
Мајка Тереза, мозаик
Мајка Тереза, мозаик Price range: 1.630 ден through 4.160 ден

Пафта, Невестински колан, Галичник, 19ти век, Македонија

Price range: 2.070 ден through 5.400 ден

Опис на Мотив

Невестински накит, пафта од Галичник, крај на 19-ти век.

Пафтите претставуваат традиционален украс од женска народна носија, особено како дел од невестински накит. Тоа е тешка метална тока со нагласени димензии и специфични облици. Токата се закачува на појасот од носијата.

Кај пафтите најмногу доаѓа до израз локалното обележје. На нив се претставени геометриски и растителни мотиви, збогатени со филигрански додатоци.

Биле изработувани од метали како бронза, месинг а полуксузните примероци биле посребрени или пак биле изработени од сребро и позлатени, биле украсувани со седеф, боено стакло или со парчиња полускапоцени камења.

Селото Галичник се наоѓа на падините на планината Бистра во областа Мала Река во центар на регионот Мијачија, во западна Македонија и е надалеку познато по богатото културно наследство, неговата автентична архитектура и прекрасните пејсажи.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Долга рамкаДимензија-1 / 13х19см., Димензија-2 / 17х24см., Димензија-3 / 20х29см., Димензија-4 / 25х38см., Димензија-5 / 30х43см.