Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Галичка пафта, Невестински колан, 19ти век, Македонија
1.590 ден – 5.400 ден
Опис на Мотив
Невестински накит, пафта од Галичник, крај на 19-ти век.
Пафтите претставуваат традиционален украс од женска народна носија, особено како дел од невестински накит. Тоа е тешка метална тока со нагласени димензии и специфични облици. Токата се закачува на појасот од носијата.
Кај пафтите најмногу доаѓа до израз локалното обележје. На нив се претставени геометриски и растителни мотиви, збогатени со филигрански додатоци.
Биле изработувани од метали како бронза, месинг а полуксузните примероци биле посребрени или пак биле изработени од сребро и позлатени, биле украсувани со седеф, боено стакло или со парчиња полускапоцени камења.
Селото Галичник се наоѓа на падините на планината Бистра во областа Мала Река во центар на регионот Мијачија, во западна Македонија и е надалеку познато по богатото културно наследство, неговата автентична архитектура и прекрасните пејсажи.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Долга рамка |
Димензија-1 / 13х19см. ,Димензија-2 / 17х24см. ,Димензија-3 / 20х29см. ,Димензија-4 / 25х38см. ,Димензија-5 / 30х43см. |
---|