Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.






Македонски Крст, познат како Крстот на Вељуса, 1080 год., Македонија
1.150 ден – 4.460 ден
Опис на Мотив
Македонскиот крст познат е и како Крстот од Вељуса. Макединскиот крст претставува варијација на христијанскиот крст и воглавно е поврзан со Македонија. Тој е форма на крст, обликувана со раскошна двочленска плетеница која е претставена како орнаментен украс.
Во Македонија, орнаментиката е често присутна при естетското украсување на македонските цркви, црковни книги, фрески, икони, крстови и други предмети. Тоа се ритмички композиции од линеарно-геометриски слики или мотиви земени од природата. Овој стил се развивал во македонските црковни центри и се разликува од уметноста која се развивала во бугарската, српската или руската школа.
За првпат крстот бил прикажан на главната манастирска црква Пресвета Богородица Милостива во Манастирот Велјуса кој се наоѓа 8 километри западно од Срумица.
Манастирската црква ја подигнал монахот Мануил во 1080 година. Изворно зачувана до денес, црквата е одличен пример на византиската црковна архитектура во средниот век.
Во почетокот овој крст бил симбол за манастирот и Струмичката епархија, но подоцна сè повеќе се ширела неговата употреба и станал општ симбол на Црквата во Македонија.
Тој денеска претставува симбол на Македонската православна црква.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста рамка |
Димензија-1 / 13х13cm. ,Димензија-2 / 17х17см. ,Димензија-3 / 20х20см. ,Димензија-4 / 25х25см. ,Димензија-5 / 30х30см. |
---|