Битката кај Ис, 333 п.н.е., Александар Македонски, Детал од римски мозаик.

3.370 ден4.360 ден

Опис на Мотив

Битката кај Ис, детал од римски мозаик.

Битката кај Ис се случила во 333 п.н.е. помеѓу малобројната македонска војска предводена од Александар III Македонски и персиската војска предводена лично од нивниот крал Дариј III Кодоман. Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. По оваа победа Александар го освоил Египет каде што бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон.

Александар Македонски

Александар III Македонски или Александар Велики бил античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски. Роден е во Пела во 356 п.н.е. а починал во Вавилон, во 323 п.н.е. Старите Римјани му дале прекар Magnus, „Велик“.

Александар Македонски владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. и е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. Тој со своите достигнувања оставил длабока трага во историјата и прераснал во пример на херој, предмет на многу легенди.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-055-M Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Rectangular frame

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.