Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Мозаик Паун, Епископска Базилика, Стоби, 5ти век, Македонија
1.220 ден – 4.360 ден
Опис на Мотив
Мозаик Паун, Епископска Базилика, Стоби, 5ти век.
Епископската базилика во Стоби е правоаголна, трокорабна црква изградена кон крајот на 5-ти век од епископот Филип. Јужно од црквата се наоѓала крстилница со купола и поплочена со многу раскошни мозаици. Мозаиците прикажуваат сцени со пауни, мочуришни птици и елени кои пијат вода од голем бокал.
Стоби бил изграден во 7-ми век п.н.е. и се наоѓал на главниот пат кој ги спојувал Дунав и Егејското море. Градот бил сместен на вливот на Црна река (Еригон) во Вардар (Аксиос), што го претворило во стратешки важен центар за трговија но и за војување. За време на римското владеење Стоби бил главен град на римската провинција Македонија Салтарис. Потврда за неговатс економска и политичка важност е и податокот дека градот имал сопствена ковница за изработка на монети.
Низ својата историја Стоби бил повеќе пати разурнуван и обновуван, но со време ја губел својата важност и економска моќ. Последните жители го напуштиле градот во 1014 година.
Денеска во Стоби можат да се видат амфитеатар од вториот век, епископска базилика, крстовидна крстилница, работилница за платно, бројни патеки и ѕидови украсени со мозаици, вили, бањи и друго. Стоби е еден од најголемите археолошки локалитети во Македонија.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|