Мозаик Риби во вода, Базилика, Студенчишта, Охрид, 5-6ти век, Македонија

1.220 ден4.360 ден

Опис на Мотив

Мозаик Риби во вода, базилика Студенчишта, Охрид, 5-6ти век

Ранохристијанскиот храм (базилика) во Студеничишта се наоѓа во непосредна близина на Биљанините извори и датира од крајот на 5-ти и почетокот на 6-ти век. Таа е правоаголна тробродна црква со предворие (атриум), свечен влез и крстилница.

Базиликата во Студенчишта изобилува со раскошни подни мозаици, а најмногу ги има во влезниот дел на црквата (нартексот)  и во централниот брод. Рабовите на подовите од правоаголните простории се покриени со бордури од плетеници во форма на рибарски јазол а аглите се исполнети со стилизирани бели цветови на лотос. Во кружните полиња, од север спрема југ, се редат мотиви на птици, риби во вода, геометриски орнаменти и друго. Во христијанството рибата како мотив е постар симбол од крстот, таа во суштина е првиот симбол на христијаните.

Шифра на производот: MK-053-M Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонско културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Правоаголна рамка

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.