Свети Наум Охридски

1.990 ден7.080 ден

Иконографија

Икона на Свети Наум Охридски, допојасната фигура на Светителот претставена во фронтална поза. Светителот е облечен во монашка одежда. Со десната рака благословува, додека во левата рака држи затворен свиток врзан со врвца.

За Мотивот

Иконата Свети Наум Охридски, е изработена според визуелот на литиска средновековна икона изработена во крајот на 14-ти век во црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.

За Светителот

Свети Наум бил угледен ученик на Светите Кирили и Методиј и близок соработник на Свети Климент Охридски. Роден е 830 година а починал на 23 декември 910 година во Охрид.

Свети Наум заедно со Свети Климент Охридски, активно учествувал во работата на Охридската книжевна школа. Низ Охридската книжевна школа поминале повеќе од 3500 подготвени ученици и таа во тоа време претставувала центар на образованието,  повеќе е позната како „Прв словенски универзитет“. Црковните книги кои во Охридската книжевна школа се пишувале на кирилица претставувале темел за ширење на правосланото христијанство на Балканот и пошироко. Во 895 година Свети Наум основал манастир на вливот на реката Дрим во Охридското езеро. Починал во манастирот и во него е погребан во 910 година.

Кај христијанските верници во Македонија посебно во Охридскиот регион, Свети Наум Охридски многу е почитуван а поради верувањето дека им помага на болните и немоќните народот го нарекува Чудотворец.

За Производот

Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …

Шифра на производот: PI-009-R Категорија: , Ознака:
Технички опис

Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Rectangular frame

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.