Светите Кирил и Методиј

1.990 ден7.080 ден

Иконографија

Икона на Светите Кирил и Методиј . Свети Кирил со својата десна рака благословува, додека во левата рака држи затворено евангелие. Свети Методиј во левата рака држи отворен свиток со испишана кириличната азбука.

За Светителите

Светите Кирил и Методиј родени се во Солун во деветиот век, во време на Византиското Царство. Биле првите словенски мисионери кои го ширеле христијанството и писменоста меѓу словените на Балканот, во Голема Моравија и Панонија. За таа цел го составиле првото словенско писмо – глаголицата. Користејќи го старословенскиот јазик, на глаголица го напишале првиот словенски превод на Библијата.

Светите Кирил и Методиј имаат особена заслуга за ширење на културата и писменоста кај Словените, поради што се нарекуваат Апостоли на Словените.

По нивната смрт, нивните ученици ја продолжиле нивната работа. Посебно со својата дејност се истакнале нивните најистакнати ученици Свети Климент и Свети Наум.

Светите Кирил и Методиј се почитувани во Православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите.

За Производот

Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …

Шифра на производот: PI-031-R Категорија: , Ознака:
Технички опис

Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.

Дополнителни информации
Rectangular frame

Димензија-1 / 13х16см.

,

Димензија-2 / 17х21см.

,

Димензија-3 / 20х24см.

,

Димензија-4 / 25х32см.

,

Димензија-5 / 30х37см.