Со користење на сајтот www.avers.mk Вие се согласувате со Условите за користење. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

Прифаќање на условите за користење

КАСТРУМ ДОО е овластена компанија за производство и продажба на производите од брендот Аверс. За таа намена Каструм доо, е овластен да го поседува и менаџира сајтот www.avers.mk Со употреба на овој сајт и неговите услуги се согласувате со Условите за користење (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови за користење, збирно се нарекуваат Услови за користење.

Доколку не се согласувате со овие услови за користење, веднаш престанете да го користите веб сајтот и не ги користете производите и услугите кои ги нуду Аверс.

Веб сајтот на Аверс

Аверс овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот www.avers.mk, со кој дејствува фирмата КАСТРУМ ДОО. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување.

Кој е сопственик на веб сајтот на Аверс

Сајтот, целата содрижина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен, се сопственост на КАСТРУМ ДОО. Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст: (a) КАСТРУМ ДОО ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови за користење и со сите дополнителни политики и правила поставени од КАСТРУМ ДОО; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од КАСТРУМ ДОО.

Користење на сајтот

Како предуслов за користење на сајтот, Вие се согласувате дека:

– Имате најмалку 18 години

– Сте во можност да направите правна обврска

– Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи

– Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации

– Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови за користење

– Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во нашата понуда

– Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци

– Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

Пристапување до сајтот на Аверс

КАСТРУМ ДОО го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во неговото користење или се случуваат настани кои се надвор од контрола на КАСТРУМ ДОО, и КАСТРУМ ДОО не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел е www.avers.mk да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување и рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на КАСТРУМ ДОО , пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

КАСТРУМ ДОО има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

Можни измена на Условите за Користење

КАСТРУМ ДОО го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите за користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Било какви промени на овие Услови за користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-маил до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на направените измени.

За вашиот профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека КАСТРУМ ДОО нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите привилегии кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови за користење може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи сите привилегии. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.

Однесување на крајните корисници

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови за користење. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Трговска марка и авторски права

Аверс е заштитена трговска марка за чие производство и продажба КАСТРУМ ДОО има ексклузивно овластување. Сите права во однос на оваа марка се задржани.

Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на концепт, текст, софтвер, фотографии, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“avers”) е во сопственост на авторот кој во целост и дал на компанијата КАСТРУМ ДОО овластување за ексклузивно користење на сите спомнати и не спомнати идеи и содржини.

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, постирање, поставување линкови, модифицирање, учествување во продажба, или на друг начин модифицирање на овој сајт или некоја од микространите, или на било кој друг начин користење на содржината, делумно или целосно без изречена писмена дозвола од КАСТРУМ ДОО е строго забрането.

Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.