Пеперутка, традиционален брош, 19 век, Македонија

2.070 ден2.780 ден

Опис на Мотив

Пеперутка изработена според традиционален брош од крајот на 19-ти век. Брошот претставува врвно филигранско дело на охридските мајстори од крајот на 19ти век.

Филигранот е древна кујунџиска техника за изработка на предмети од злато и сребро.

Со оваа техника се изработува накит (брошови, наушници, огрлици, нараквици …) но и поголеми предмети (токи, крстови, рамки, корици за книги …)

Со помош на фини сребрени или златни жици и ленти, често комбинирани со мали топчиња, се аплицираат најчесто орнаментални мотиви. Според својот изглед овие предмети на некој начин потсетуваат на чипка.

Филигранот веќе бил познат во античка Грчка, Етрурија и Рим, а својот врв го достигнува од 6ти до 12ти век во Византија. Пренесуван со векови од многу генерации на вешти мајстори, филигранот како техника е сочуван и се користи во Македонија до денешен ден.

За Производот

Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …

Шифра на производот: MK-001-K Категорија: Ознаки: ,
Технички опис

Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.

Дополнителни информации
Квадратна кутија

Димензија-2 / 13х13см.

,

Димензија-3 / 16х16см.

,

Димензија-4 / 19х19см.